Гувернерот Трајко Славески најави нова мерка на Народната банка за поддршка на младите кои купуваат прв стан. За оваа категорија е предвидено значително да се намали сопственото учество кога се подигнува станбен кредит.
За да се спречат злоупотреби НБРМ ќе соработува со повеќе институции меѓу кои и Катастар за да се утврди историјат на сопствеништво на недвижен имот на подносителите. Ова е една од мерките која е во надлежност на НБРМ, а исто така Министерството за финансии по изборите ќе го претстави обновениот проект за државна помош при купување нов дом!