strumica denes logo

ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ИЗГРАДБАТА НА КУЌИ ПОСКАПЕЗА 1,1% : Најмногу пораснаа трошоците за работна рака!

Автор:

Датум:

август 30, 2025

Автор:

Датум:

август 30, 2025

За 1,1% се зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС)..

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На годишна основа, пак, забележано е намалување за 0,3%.

Како што наведува ДЗС, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје во однос на претходното тримесечје се зголемени за 1,1%, трошоците за материјали за 0,4%, а трошоците за вработените за 2,6%.

Во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 0,3 %, трошоците за материјали се зголемени за 0,7%, а трошоците за вработените се намалени за 2,3%.

  • Banner