strumica denes logo

КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА – ПАРТНЕР НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРЕАТИВЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ МАКЕДОКС!

Автор:

Датум:

август 22, 2025

Автор:

Датум:

август 22, 2025

Со краткиот филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот дански „Само на земјата“ на Робин Петре, синоќа во Куршумли ан во Скопје, започна шеснаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Отворањето беше збогатено со изложба на фотографии од Томислав Георгиев, создадени во рамки на Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани.

Оваа година, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со гордост е партнер на фестивалот, кој ќе трае до 28 август и ќе се одржува на повеќе локации: Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“. Фестивалската програма е поделена во шест категории: Главна програма, Нови автори, Земја во фокус: Австрија, Кратки документарци, Студентска програма и Програма за деца и млади.

Под мотото „Кому му е гајле за реалноста?“, публиката ќе има можност да погледне 75 документарни филмови. Особено значајно ќе биде културното случување на 26 август во Сули ан – изложба на фотографии од Киро Урдин создадени во Долината Омо во Африка, проследена со специјална проекција на неговиот филм „Вода и оган“.

Нашата поддршка за МакеДокс е повеќе од спонзорство – таа е дел од нашата посветеност за развој на културата, поддршка на уметниците и вложување во вредностите кои го збогатуваат нашето општество.