strumica denes logo

Денес се одбележува споменот на Свети Анастасиј Радовишки

Автор:

Датум:

август 21, 2025

Автор:

Датум:

август 21, 2025

Православните верници денес го празнуваат споменот на Свети Анастасиј Радовишки, познат и како Свети Спасо Радовишки – новомаченик кој со својата вера и непоколебливост оставил длабока трага во духовното наследство на македонскиот народ.

Роден во Радовиш во 1774 година, младиот Анастасиј на дваесетгодишна возраст бил испратен во Солун за да изучува занает. Таму бил изложен на силни притисоци да ја напушти православната вера и да прими ислам. И покрај суровите мачења, тој не се поколебал и останал верен на Христа.

На 11 септември 1794 година, по жестоки измачувања, тргнувајќи кон бесилката подготвена за него, изморениот Анастасиј паднал и ја предал својата душа на Господа. Неговата жртва го направи пример за непоколеблива вера и духовна сила, а црквата го вброи меѓу новомачениците.

По неговата маченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го запишал неговото житие, со што ликот и делото на овој млад светец останале трајно врежани во духовната историја.

Со празнувањето на Свети Анастасиј Радовишки, верниците се потсетуваат на значењето на верата, истрајноста и духовната жртва.