На 06.08.2025 околу 21:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“, управуван од 15-годишник од Струмица и мотоцикл „педа“, управуван од А.Н.(19) од с.Василево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 12-годишен сопатник од мотоциклот „педа“ од Струмица, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница во Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.
ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА – 12 ГОДИШНО МОМЧЕ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ!
