strumica denes logo

ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА: Humanus го проширува тимот – се бара Sales соработник со познавање на германски јазик!

Автор:

Датум:

јули 15, 2025

Автор:

Датум:

јули 15, 2025

Humanus, реномирана меѓународна компанија, со гордост го најавува проширувањето на својот тим и отвора нова канцеларија во Струмица! Во рамки на овој раст, компанијата објавува отворена можност за вработување на позиција Sales Соработник за комуникација со германски клиенти.

Оваа позиција е идеална за организирана, комуникативна и проактивна личност со познавање на германски јазик (минимум B1 ниво). Работата се одвива во професионална и динамична средина, со целосна обука и поддршка.

🔶 Работни обврски:

Комуникација со германски компании

Презентирање на биографии и кандидати

Прилагодување на кандидатски профили според барањата на клиентите

Водење евиденција за комуникацијата

Координација со интерните тимови за регрутација и администрација

🔶 Потребни квалификации:

Одлично познавање на германски јазик (минимум B1) – задолжително!

Јасна и убедлива комуникација

Основно познавање на MS Office и MS Teams

Отвореност за учење и ориентираност кон резултати

🔶 Humanus нуди:

Обука и постојана поддршка

Работа во модерна канцеларија во Струмица

Пријатна и стимулативна работна атмосфера

Можност за полно или скратено работно време

Солидна и навремена плата

Доколку сакате да бидете дел од успешна и стабилна компанија која активно работи со германскиот пазар – аплицирајте сега и станете дел од Humanus!

ТЕЛЕФОН ЗА КОНТАКТ: 077 965 691

МЕЈЛ: prodanov@humanus.de