strumica denes logo

МУЗЕЈ-СТРУМИЦА потпиша партнерски договор за конзервација на Термалното римско лекувалиште во Бањата Банско!

Автор:

Датум:

јули 15, 2025

Автор:

Датум:

јули 15, 2025

НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица го потпиша договорот за партнерство за реализација на основен конзерваторски проект за кровната конструкција на Термалното римско лекувалиште во Бањата Банско.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Проектот се реализира во рамки на Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2021–2027 година, и е финансиран од Европската Унија.

Овој важен проект има за цел да обезбеди заштита и одржливо управување со вредното археолошко наследство во Бањата Банско, со што ќе се придонесе кон зачувување на културното богатство, но и кон унапредување на туристичката понуда на регионот.

  • Banner