strumica denes logo

СВР СТРУМИЦА ГО ИДЕНТИФИКУВА ТАТКОТО ОД ВИДЕОТО СО ВРЗАНО ДЕТЕ КОЕ СЕГА Е НА БЕЗБЕДНО И ЗГРИЖЕНО – СТОРИТЕЛОТ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕТЕ!

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Македонската јавност е во шок по објавување на сцени кои тешко се гледаат – видео на кое мало дете е врзано со јажиња околу вратот, рацете и нозете кружи низ социјалните мрежи. Според објавите, сето тоа било сторено од сопствениот татко, наводно затоа што детето земало пари.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Откако снимката експлозивно се прошири, Министерството за внатрешни работи веднаш реагираше. Од таму информираат дека СВР Струмица го лоцирала и идентификувала сторителот, и дека во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава за насилство врз дете – дело казниво според член 201а од Кривичниот законик.

Детето е безбедно и веќе е згрижено од страна на мајката, со интервенција на Центарот за социјални работи од Струмица, кој веднаш постапил по пријава.

Случајот предизвика лавина од реакции на интернет – граѓаните бараат остри санкции, пожестока заштита за децата и институции кои нема да дозволат вакви случаи да се повторат.

  • Banner