strumica denes logo

ПРОГЛАСЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СИТЕ ПРЕПОРАКИ И ЗАБРАНИ!

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.

Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи.

Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението – рече Митева.

Владата, како што посочи, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.

Ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.