strumica denes logo

Уапсен 28 годишен крадец од Струмичко кој пукаше кон полицијата при приведување!

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Г.П. (28) од струмичкото село Ангелци бил уапсен по драматична полициска акција откако се сомничел за серија кражби во битолскиот регион. Настанот се случил на 8 јули, кога неколку млади лица од село Долно Српци забележале сомнително лице во возило „Форд“ без регистарски ознаки, кое се движело низ нивното село.

При обидот да го задржат до доаѓање на полицијата, осомничениот излегол од возилото, извадил пушка од багажникот и испукал неколку истрели во нивна насока, но за среќа никој не бил повреден. За настанот веднаш било известено СВР Битола, по што полициските служби го лоцирале возилото и започнале потрага.

Неколку часа подоцна, Г.П. бил забележан во нива кај селото Вашарејца, општина Могила. При обид за негово приведување, осомничениот повторно се заканил со огнено оружје, насочувајќи ја пушката кон двајца полицајци. Полицијата реагирала со предупредувачки истрели во воздух, но Г.П. продолжил со агресивно однесување и се обидел да му го одземе службениот пиштол на еден од полициските службеници.

Во обидот да го совладаат, полицијата испукала два куршума при што му нанеле лесни телесни повреди. Тој веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му била укажана лекарска помош, по што бил приведен во полициска станица со наредба од јавен обвинител.

Случајот е во понатамошна постапка, а против Г.П. се очекуваат сериозни кривични пријави за кражба, загрозување на живот и напад врз службени лица.