strumica denes logo

МИЦКОСКИ СО ОДЛИЧНА ИНФОРМАЦИЈА: Во училиштата ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција!

Автор:

Датум:

јули 4, 2025

Автор:

Датум:

јули 4, 2025

„За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции.“
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица. Таа беше насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“. Тој даде отчет за сработеното, но најави и нови, клучни реформи.

Крај на бирократската ароганција: Гаранција за услуга во рок од 5 дена
„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место,“ рече тој. „Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите институции. Тоа нема да биде желба, туку закон.“

„Ќе воведеме и нова услуга каде администрацијата ќе го бара граѓанинот, а не спротивно.“ „Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција,“ порача Мицкоски. Исто така, тој најави и јавни листи со времиња на чекање во здравствените установи. Со тоа, според него, транспарентноста ќе стане стандард.

Новини во образованието и порака до граѓаните
Премиерот истакна дека и во образованието ќе се воведе важна новина. „Воведуваме предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието.“ „Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината,“ посочи тој.

На крајот, тој потенцираше дека ова се темелите кои ги поставува владата. „Не ветуваме дека ќе биде лесно. Но ветуваме дека ќе биде чесно и нема да биде срамно,“ заклучи Мицкоски во своето обраќање.