strumica denes logo

МИТКО БОЈАЏИСКИ: ТРИТЕ РАК РАНИ НА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јуни 25, 2025

Автор:

Датум:

јуни 25, 2025

Текст на Митко Бојаџиски објавен на социјалната мрежа фејсбук:

Знаете, пријатели, Струмица си има 3 рак рани. Депонијата, аерозагадувањето и 20% зелена површина кои ги пропишува законот донесен пред седум и пол години, но ги нема во ниедна новоизградена зграда. На крај, сите три се загадување.

Депонијата ќе зачурли, ќе засмрди, ќе не истрови, ќе видиме зор, и ние ќе се возбудиме. Зимата ќе ги видиме бројките од мерните станици дека се десет пати поголеми и пак ќе изреагираме емотивно. 20% зелена површина како најважен сегмент од општиот проблем што се вика градежна мафија, не покажува видливи сензации, нема ни чад, ни мирис, ни вкус. И е најподмолен од сите три. За депонијата има решение што кога-тогаш ќе се случи ако некој татко на градот од мајка роден, почне да размислува домаќински, за аерозагадувањето има начини како да се намали многу, па дури и да го снема. За 20% зелена површина нема решение. Како ќе се изградат тие згради, така ќе останат. Засекогаш изгубени хектари зелена површина добро распоредени.

Тие рак рани си ги покажуваат своите заби и не не штедат, ниту нас, ниту нашето здравје.