Во периодот од 21 до 22 јуни 2025 година, во организација на Македонската спортска стрелачка федерација, се одржа Државното првенство во дисциплината „Олимписки трап 125“. На првенството учество земаа најдобрите стрелци од целата држава, а титулата државен првак ја понесе Ѓорги Костуранов, член на Стрелачки клуб „Струмица“.
Со одличен настап и прецизност, Костуранов го освои првото место, потврдувајќи ја својата форма и посветеност кон спортското стрелаштво. Овој успех претставува голем мотив и поттик за сите членови на клубот, но и признание за долгогодишната работа на тренерите и стручниот тим.
Од името на управата на Стрелачки клуб „Струмица“ беа упатени искрени честитки до Ѓорги Костуранов за освоената титула, како и до сите натпреварувачи за успешно учество на првенството. Воедно, беше изразена благодарност и до организаторите и домаќините за професионално реализираниот спортски настан.
Честитки до сите учесници и љубители на спортското стрелаштво! 🇲🇰