Новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ објавија дека се слушаат експлозии над Доха, главниот град на Катар. Ова уследи по извештаите дека се очекува ракетен напад врз американска воена база во Катар.
Земјата претходно донесе одлука за затворање на својот воздушен простор поради „веродостојна закана“ дека ќе биде нападнат Коалицискиот центар за воздушни операции во Ал-Удеид, најголемата американска воена база на Блиски Исток, во која живеат околу 8.000 американски граѓани.
Американската амбасада во Катар претходно ги предупреди своите граѓани да се засолнат до натамошно известување.
Нападот се случи ден откако Доналд Трамп нареди да се бомбардираат три ирански нуклеарни постројки, за што Иран вети дека ќе се одмазди.