Полицијата од Струмица го уапсила 34-годишниот Н.Ј затоа што со нож им се заканувал на полицајците кои вршеле службени дејствија.
„Лицето било приведено во полициска станица, по што било спроведено во здравствена установа. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.