strumica denes logo

Струмица утре ќе ужива во културна вечер со групата „ТАКО“ на плоштадот, во соработка со Евангелско-Методистичката Црква

Автор:

Датум:

јуни 18, 2025

Автор:

Датум:

јуни 18, 2025

На 19 јуни 2025 година, Струмица ќе биде домаќин на несекојдневен културен настан организиран во соработка со Евангелско-Методистичката Црква во градот. Настанот, насловен како „Вечер на забава со ТАКО група“, ќе се одржи со почеток од 19:00 часот и ќе трае до 01:00 по полноќ.

Публиката ќе има можност да ужива во музичка изведба на групата „ТАКО“, составена од меѓународни членови, како и да биде дел од низа активности кои вклучуваат уметничко сликање, споделување на кратки пораки за охрабрување и мотивација, и разговори насочени кон донесување добри и здрави животни одлуки.

Настанот е отворен за сите граѓани и има за цел да понуди вечер исполнета со инспирација, забава и позитивна енергија во пријатна духовна и културна атмосфера на плоштадот во Струмица.