Струмичанецот Петре Велков, познат како Пепи, продолжува да ниже победи на најголемите меѓународни кик бокс сцени. По двете титули на Европските купови оваа година, Велков сега се закити и со златен медал на Светскиот куп во Унгарија, покажувајќи уште еднаш дека е еден од најдобрите македонски борци во својата категорија.
Во конкуренција на сениори, до 67 килограми, Велков ги совлада сите противници и стигна до врвот:
1/8 финале: Петре Велков – Давид Кобзиев (Украина) 2-0
1/4 финале: Петре Велков – Адријан Спенти (Полска) 3-0
1/2 финале: Петре Велков – Лаурент Ребер (Швајцарија) 2-1
Финале: Петре Велков – Урош Нешковиќ (Србија) 3-0
Со оваа доминација на Светскиот куп, членот на успешниот струмички клуб „К1 Арена“ уште еднаш ја оправда својата репутација. Пепи сега го насочува својот фокус кон Светското првенство во ноември, каде што има само една цел, да ја заврши годината како светски првак.