Видеолотарија Касинос Австријан е официјален платинум спонзор на Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје, за нивното учество на четвртото издание на Еуротрип.
Видеолотарија Касинос Австрија со гордост објавува дека е официјален платинум спонзор на Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје. Преку оваа соработка, Видеолотарија ја продолжува својата мисија за поддршка на здравиот начин на живот, спортскиот дух и заедницата.
Здружението 091 РАНКРУ Скопје е познато по својата посветеност во промоцијата на активниот живот и инклузијата преку различни спортски дисциплини. Со поддршката од Видеолотарија, ќе се овозможи учество на членови од здружението на четвртото издание на Еуротрип во периодот од 04.06.2025 до 09.06.2025 година. Делница за трчање оваа година е од Инсбрук (Австрија) до Љубљана (Словенија) во должина од 450км, која треба да се истрча за помалку од 48 часа.
Ова е трка што ја трчаме заедно со сите. Огромна благодарност до – Видеолотарија Касинос Австрија затоа што нè поддржаа и веруваат во нашиот потенцијал, изјави претседателот на здружението, Ненад Божовиќ.
Горди сме што сме дел од една ваква приказна која ги поврзува луѓето преку спорт и заедништво. Нашата поддршка за Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје e уште еден чекор кон изградба на поздраво и посреќно општество.
Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.