Единици на министерството за внатрешни работи од утрово вршат претреси на пет локации во Скопје по налог на обвинител кој постапува во предметот под кодно име „Бункер“.
Акцијата, како што информираат од ЈОРСМ, е резултат на обезбедени докази во рамки на истражната постапка што се спроведува против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“.