strumica denes logo

СЕ ВРАБОТУВА DATABASE СОРАБОТНИК ВО СТРУМИЦА – ПОТРЕБНО Е ПОЗНАВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ, ПРЕТХОДНО ИСКУСТВО НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!

Автор:

Датум:

мај 15, 2025

Автор:

Датум:

мај 15, 2025

Тимот на Humanus се проширува – нова канцеларија во Струмица и нови можности за вработување!

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Со гордост ја објавуваме вестa дека Humanus, успешна и меѓународно призната компанија, го проширува своето делување и отвора нова канцеларија во Струмица. Во рамките на овој значаен чекор, компанијата започнува со формирање на професионален тим кој ќе игра клучна улога во процесот на селекција на кандидати и обезбедување административна поддршка.

Како дел од ова проширување, Humanus објавува оглас за следната работна позиција:

Позиција: Database Соработник

Клучни одговорности на идниот член на тимот ќе бидат:

Внесување и уредување на биографии (CV) во внатрешна база на податоци

Структурирање на информации според внатрешно дефинирани стандарди, вклучително и означување на компетенции, искуство и познавање на јазици

Пребарување и селекција на кандидати според прецизни критериуми

Подготвка на професионални профили за тимовите за продажба и регрутација

Комуникација со останатите тимови со цел навремено и ефикасно испорачување на резултати

Профил на идеалниот кандидат:

Познавање на германски јазик – минимум ниво B1

Познавање на компјутерски вештини

Брзина и точност при внесување на податоци

Одговорен, прецизен и добро организиран пристап кон работата

Способност за самостојна работа и ефикасна тимска координација

Humanus нуди:

Работно место во Струмица со стабилна и професионална работна средина

Целосна обука и континуирана поддршка при воведување во работниот процес

Можност за избор помеѓу полно и скратено работно време

Солидна плата со потенцијал за напредување

Простор за професионален развој и кариера во меѓународно окружување

Сите заинтересирани лица кои се пронаоѓаат во горенаведениот профил се охрабруваат да аплицираат и станат дел од новата успешна приказна на Humanus во Струмица.

ТЕЛЕФОН ЗА КОНТАКТ: 077 965 691