strumica denes logo

СДСМ-Струмица возврати на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Струмица!

Автор:

Датум:

мај 9, 2025

Автор:

Датум:

мај 9, 2025

Контра реакција на СДСМ-Струмица по објавената реакција на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. Контра реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Почитувани граѓани
Во недостаток на аргументи, во оазата од криминогени настани во неполна година, во период на мобинг, груба партизација, низок стандард, општ хаос, убиства, а згора на сето тоа и приватно-партиски панаѓури во институциите на државата од страна на ВМРО ДПМНЕ, некако успеаа да излезат од не веќе толку комфорниот штаб и да дадат некакво соопштение.

Наместо да кажат дека платите ќе бидат покачени за нормален живот, улиците се безбедни, правдата е неселективна, корупцијата намалена, системот функционира, тие се фалат дека се пресметуваат за нив веќе познат систем на тотален реваншизам преку органите на прогонот.

Затоа им порачуваме во име на граѓаните и во име на општиот разум:Со сила убавина не бива, времето на угнетување и заплашување помина, народот не се плаши, народот бара нормални услови за живот, безбедност и економска стабилност.

Тоа веќе цела година го нема, државата тони, а вие со популистички соопштенија и закани продавате магла.

Пребрзо ја покажавте вашата цел за враќање на режим, но овојпат нема да ви помине!!!