ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе работи на обезбедување согласност за вработување нов медицински кадар, информира директорот Кирил Манчев. Потребни се засилувања, особено во Службата за Итна медицинска помош и во руралните амбуланти, каде кадарот е преоптоварен.
Манчев, кој и самиот се вклучува на терен заради недостиг од персонал, нагласи дека дополнителни вработувања се клучни за подобра здравствена заштита. Исто така, „Здравствен дом“ планира инвестиции во противпожарна заштита, иако финансиските средства се ограничени. Се очекува поддршка од Министерството за финансии, граѓаните и приватниот сектор.