strumica denes logo

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ СО ПОБЕДА ЈА ЗАПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА ВО ФИА ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА РИДСКИ ПАТЕКИ!

Автор:

Датум:

април 14, 2025

Автор:

Датум:

април 14, 2025

Игор Стефановски Иџе со победа на трката во Франција ја започна новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC) стартуваше со победа и тоа во тешки временски услови. Изминатиов викенд во Франција на патеката Сан Жар Ду Гард стартуваше новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, кој годинава има 11 трки.

„Првата трка заврши. Не беше онака како што очекувавме. Ова е една од најтешки трки која сум ја возел досега. Врнежливото време и маглата создаваат невозможни услови за возење. Ова се гладијаторски трки. Возите со голема брзина, а видливоста е мала. Во мојата група сум прв, но не можам да се радувам, затоа што моите најголеми конкуренти имаат стравотни излетувања и ги искршија своите возила. И јас имав мало излетување, но за среќа не го повредив возилото многу. По моето возење организаторот одлучи да ја прекине трката, поради лошите временски услови. Ние завршивме први, но ова е трка која посакувам да не се повтори“ изјави Стефановски.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита за оваа неверојатна трка. И во следните 10 трки од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ќе бидеме дел од неговиот тим. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.