СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Н.(65) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 22.11.2024 во Струмица, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т.(70) од Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 18.02.2025 во објект на катастарска парцела, која според Законот за извршување била предмет на испразнување и предавање на трето лице, на недвижност која била во сопственост на пријавениот, биле пронајдени и одземени полуавтоматска пушка, пиштол и куршуми, кои припаѓале на правен субјект избришан со стечајна постапка од регистарот на Централниот регистар, а за кои не била извршена пререгистрација.