strumica denes logo

Кривична пријава за даночна измама во Струмица: Фирма должна 1,3 милиони денари на државата!

Автор:

Датум:

март 30, 2025

Автор:

Датум:

март 30, 2025

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот Ј.П.(59) од село Секирник, општина Босилово, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.12.2020 до 31.12.2020, согласно пријавената состојба од вкупно 11.755.927 денари, пријавените имале обврска да пресметаат и уплатат данок на друг доход во вкупен износ од 1.306.083 денари, но не го уплатиле и за таа сума го оштетиле државниот буџет.