Почитувани читатели, портал Струмица Денес ја поддржува иницијативата на Канал 5 телевизија и апелираме до сите медиуми да не пренесуваат видео материјали и фотографии од погребите на жртвите од трагичниот инцидент во Кочани и останатите градови.
По загубата на 59 наши млади сограѓани, кои трагично и недостоинствено ги изгубија своите животи, медиумите имаат морална одговорност да дозволат на нивните роднини да ги испратат своите блиски на начин кој ќе биде достоинствен и човечен.
Затоа, ги повикуваме сите медиуми во земјата да го следат примерот на Канал 5 и да покажат почит кон жртвите и нивните семејства. Секој медиум кој ќе продолжи да објавува снимки од погреби покажува крајна неодговорност не само кон семејствата на загинатите, туку и кон целата јавност.