strumica denes logo

ПОЧИНА СТРУМИЧАНЕЦОТ ГЛИГОР ЏОЛЕВ – ИСТАКНАТ ОРТОПЕД И ГОЛЕМ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ!

Автор:

Датум:

март 14, 2025

Автор:

Датум:

март 14, 2025

На 80-годишна возраст почина истакнатиот ортопед проф. д-р Глигор Џолев, соопшти неговото семејство. Тој е роден 20.07.1944 година во Струмица и целиот свој живот го посветил на медицината, несебично помагајќи им на своите пациенти со стручност, човечност и искрена грижа. Од 1972 година до 2009 година работеше, а своевремено бил и директор на Ортопедската клиника во Скопје, како и редовен Професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Покрај својата кариера, проф. д-р Џолев беше столбот на своето семејство – посветен сопруг, грижлив татко и горд дедо, како и пријател на голем број скопјани. Со својата мудрост, добрина и благородност остави неизбришлива трага во животите на најблиските.

Неговото заминување е огромна загуба, но спомените за неговото дело и љубовта што ја ширеше ќе живеат вечно. Заради сето тоа, како семејство ги информираме сите негови познаници дека на 15.03.2025 година во 11:00 часот на гробиштата Бутел, д – р Џолев ќе биде испратен во вечното почивалиште.