strumica denes logo

СЛУЧАЈ КОЈ ГО ЗАПРЕПАСТИ МУРТИНО: Белгиски овчар застрелан, полицијата откри кој стои зад злосторството!

Автор:

Датум:

март 5, 2025

Автор:

Датум:

март 5, 2025

На 27.02.2025 во 10.30 часот во СВР Струмица, Ж.Ј.(45) од село Муртино, струмичко, пријавил дека на 26.02.2025 околу 21.30 часот во село Муртино било пронајдено починато неговото куче, раса Белгиски овчар. Увид на местото извршија екипа на СВР Струмица во содејство со општински ветеринарен инспектор и лекар по ветеринарна медицина, кои констатирале дека смртта на кучето настанала како последица на прострелна рана.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

По преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Струмица, откриен е идентитетот на сторителот, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.