“Деца корнат градина“ е првиот студиски албум на Јовче Пандев кој е веќе достапен на сите музичкиплатформи. Албумот нуди свеж и иновативен звук на алтернативен рок. На албумот ќе слушнете осумавторски песни чии музика и текстови се на Јовче Пандев. Аранжманите се на Иван Петровски и ЈовчеПандев и на една песна како аранжер се потпишува Живко Барбутов. И еден дует “Дожд во друг правец” соИвана Василева. Гитари: Зоран Трендов, Иван Петровски и Живко Барбутов. Бас гитара: Дејан Митровиќ и Иван Петровски. Тапани: Џоко Ѓоргиев и Александар Ванчовски. Клавијатури и клавир: Иван Ѓоргиев.
Продукцијата на албумот – микс и мастер се на Иван Петровски MUSICVERSE СТУДИО, Тапани СТУДИО Алшар. Фотографиите за албумот се на Столе Ангелов, а дизајнот на омотот е на Никола Пијанманов. А наомотот од фотографијата е актерката Луна Миќевиќ. Албумот е достапен на следните платформи: Deca kornat gradina by Jovce Pandev
Редослед на песни:
1.Љубовта не’ заспива
2. Девојка во мраз
3. Дожд во друг правец( со Ивана Василева)
4. Ние сме спасени
5. Радиус за тебе
6. Деца корнат градина
7. Времето
8. Имам јас (со Живко Барбутов)
Албумот може да го слушнете со кликнување на следниот линк: https://www.youtube.com/@jovcepandev7904