strumica denes logo

УБАВА ВЕСТ ЗА СТРУМИЧАНИ: Конечно се отвора новото крило на Струмичката болница!

Автор:

Датум:

февруари 23, 2025

Автор:

Датум:

февруари 23, 2025

Голема радост за жителите на Струмица – по долг период, конечно оваа година ќе се отвора новото крило на ЈЗУ Општа Болница – Струмица! Информацијата за Струмица Денес ја потврди и директорот на болницата, Д-р Гоце Христов, кој истакна дека новиот дел значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги во регионот.

Новото крило ќе овозможи зголемен капацитет за прием на пациенти, подобри услови за хоспитализација, како и нови простории за одредени специјалистички одделенија. Ова е значаен чекор напред за здравството во Струмица и олеснување за сите кои имаат потреба од медицинска нега.