strumica denes logo

БРАВО: Мицкоски објави деќа ќе се разрешат членовите на Судскиот совет, кој според него е дел од системот кој останува главно упориште на неправдите и разочарувањата!

Автор:

Датум:

февруари 6, 2025

Автор:

Датум:

февруари 6, 2025

Христијан Мицкоски, премиер на Република Македонија:

На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот.

Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата.

Македониjа мора да победи!