Демант на информации пласирани на фејсбук страница на поранешната телевизија Вис!
Почитувани сограѓани,
Како одговорен раководител и доктор чуствувам потреба да ги демантирам денеска пласираните дезинформации дека: ЈЗУ Општа Болница Струмица во актуелната грејна сезона користи нафта.
Од почетокот на оваа грејна сезона објектите на нашата институција ги затоплуваме со користење на системот кој користи гас.
Но на почетокот од сезоната и во текот на сезоната должни сме да вршиме контрола на сите постојни системи за затоплување.
Имено, во случај на било каков дефект имаме обврска да обезбедиме алтернативна опција за греење.
Таа обврска ни ја создават стотиците пациенти и персоналот кој се грижи за нив.
И, од таквите процедури ние не смееме и нема да отстапиме.
Истовремено, мора да забележиме дека станува збор за висока цена на оваа монополска услуга во Струмица: греење на гас.
Но, од причина што се грижиме и за здравата средина и за здравјето на пациентите ние уредно ги подмируваме сите долгови.
Во потрагата по виновник за загаденоста на воздухот во Струмица ги охрабрувам сите институции и професионалци: да го најдат вистинскиот извор на загадување.
Препорачувам за дневна политика да не се употребуват дезинформации во врска со сериозни институции како што е ЈЗУ Општа Болница Струмица.
Сите наши документи и фактури за работење секогаш се ставени на увид пред нашата јавност.