Преземено од Здрава Котлина:
ГРАФИКОНИ НА ЗАГАДУВАЊЕ
Три слики со графикони со три различни приказни. Се мери нивото на ист параметар [сулфур диоксид SO2] во ист временски период [30 денови] во исти временски интервали [секој час] во различни општини во цела Македонија.
На сликата со сите скопски општини вредностите на сулфур диоксид, во текот на 30 денови е редовно под 10 мг/м3 [микрограми на метар кубен] со многу ретки повремени пикови на мерните станици во Миладиновци [15-18 мг/м3] и населба Ѓорче Петров [10-14 мг/м3]. Се друго е стабилно и просечните дневни вредности [24 часа] се помалку од 2 мг/м3, освен Миладиновци и Ѓорче Петров кои се движат околу 3 мг/м3.
На сликата со сите западни општини на Македонија вредностите на сулфур диоксид, во текот на 30 денови е редовно под 10 мг/м3 [микрограми на метар кубен] со неколку повремени пикови на мерната станица во Прилеп [20-50 мг/м3] и еден пик во Тетово. Се друго е стабилно и просечните дневни вредности [24 часа] се помалку од 2 мг/м3, освен Прилеп кој се движи околу 2 мг/м3.
На сликата со сите источни општини вредностите на сулфур диоксид, во текот на 30 денови е редовно под 10 мг/м3 [микрограми на метар кубен] освен Општина Струмица со постојани вредности над 15 мг/м3 и пикови на мерните станици во Струмица [50-60 мг/м3]. А од 10 јануари наваму “невообичаено” почна и Берово со постојани пикови [20-40 мг/м3]. Се друго е стабилно во останатите градови и просечните дневни вредности [24 часа] се помалку од 2 мг/м3, освен Струмица која редовно е над 7 мг/м3 и во последно време Берово каде се движат околу 3 мг/м3. Случајно после алармите и прозивките за загадување во Струмица, Берово почна да го добива истото загадување на гости од Струмица оти пред тоа во Берово немаше никаква значителна трага од сулфур диоксид.
Па кога ќе сумирате побарајте логична причина зошто сите останати градови што имаат далеку повеќе причини да се загадени со сулфур диоксид го немаат, а Струмица постојано го има???
Зошто ова не им боде очи на професорите што цела година испитуваа кој го загадува воздухот во Струмица? Затоа во наредниот период јавно ќе прашуваме прашања до овластените институции во потрага по одговори за потеклото на струмичкиот сулфур диоксид!
Бидејќи единствен потенцијален и официјален извор на сулфур диоксид пријавен во индустријата во Струмица е тешкото и многу загадувачко гориво петрол кокс, јавно го прашуваме Државен инспекторат за животна средина / Inspektorati Shtetëror i Mjedisit дали и какви филтри се поставени во фабриката Еленица која гори токму петрол кокс во тунелската печка за производство на тули?
Ова е нејасно затоа што во јавните документи за интегрираната дозвола тие немаат наведено никакви филтри и буквално нема ништо, а преземале обврска да преминат на гас кога ќе биде достапен?!? Гасот во Струмица одамна е достапен но е што со обврската и како конкретно е обезбедено филтрација од штетните емисии на петрол коксот?