strumica denes logo

РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ СО ПОФАЛБИ ЗА НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: После долги години, народот во Република Македонија чувствува дека има министерка на која може да и’ верува!

Автор:

Датум:

октомври 29, 2024

Автор:

Датум:

октомври 29, 2024

Фејсбук објава на Родителски Фронт:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

🙏Конечно, после долги години, ние родителите, посветените и здраворазумните наставници и професори, но и народот во Република Македонија, чувствуваме дека имаме министерка за образование на која можеме да ѝ веруваме и да ѝ бидеме поддршка во напорите и одлучноста да го подобри девастираниот образовен систем и да ги направи образовните институции безбедна средина за нашите деца.

❤️Изразуваме особена благодарност, љубов и поддршка на министерката Весна Јаневска за докрај одржаниот збор за принципиелната заштита на нашите деца од секаков вид на идеолошка контаминација на наставните содржини, а со тоа и застанување на патот на идејата за претворањето на училиштата во центри за индоктринација.

📌Никулците на родовата идеологија како кукавички јајца беа подметнати во образованието и законодавството од Мила Царовска, истакнат родов активист и најголемата трагедија во МОН, која за жал од претходната влада беше поставена за министер во два клучни ресори, меѓу кои и образованието.

💰Се надеваме дека, конечно во целост е препознаена нејзината намера за изградба на паралелен систем, кој нема да користи за ништо друго, освен да го држи општеството поларизирано и во постојан конфликт, со цел да се оправда потребата на нејзиното постоење и на невладините организации кои ги застапуваат нивните заеднички идеолошки интереси.

💯Родителите од цела држава стојат цврсто во поддршка на министерката Јаневска во процесите на донесување на очекуваните законски измени, преку кои училиштата ќе ја вратат својата основна функција – да ги образоваат учениците.