strumica denes logo

ЗДРАВА И СПОКОЈНА БРЕМЕНОСТ – НЕДЕЛНА РУБРИКА СО Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ!

Автор:

Датум:

октомври 20, 2024

Автор:

Датум:

октомври 20, 2024

Здрава и спокојна бременост

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Многу пациентки, кога ќе останат бремени, сакаат да знаат: Што да јадат во тек на бременост? Дали може да вежбаат во бременост и колку физичка активност да имаат? Која храна да се избегнува?

Правилна исхрана во бременост е битна за правилен развој на мозокот на бебето, битна е за здрава телесна тежина кај мајката и може да го намали ризикот од некои вродени аномалии кај бебињата. Со правилна исхрана може да се намали ризикот од анемија во бременост како и симптомите на гадење да се намалат.

Нутриенти кои е битно да ги содржи храната кај една бремена мајка се:

протеини, Витамин Ц, Калциум, овошје и зеленчук, полнозрнести житарици, храна богата со железо, соодветни масти и фолна киселина.

Битно е исхраната во бременост да биде правилно избалансирана за да нема неправилно варирање на шеќерот во крвта на мајката.

Телесната тежина кај трудниците лесно се одржува доколку јадат правилна и балансирана храна. Нормално е да се качи килажа во бременост, но не смее таа да биде прекумерна, бидејќи се зголемува ризикот од многу здравствени проблеми во бременост и породување.

Покачена тежина на мајката, која ја сметаме за здрава во бременост изнесува некаде од 11 – 15 килограми. Меѓутоа тоа варира кај секој, бидејќи секоја бремена жена има различна тежина пред да остане бремена. Препораките за колкава тежина е здраво да се покачи во голем дел зависат од тежината на почеток на бременост.

Што не треба да се јаде во бременост?

Битно е во бременост да се јаде храна која е доволно термички обработена и пастеризирана. Ова е битно за да се заштити мајката и бебето од разни паразити и бактерии во сирова храна – млекото, сирењето и сите млечни производи мораат да бидат пастеризирани.

Месото не смее да биде сирово, мора да биде добро термички обработено. Не се препорачува да се јаде и сирова морска храна.

Доколку имате алергија на храна битно е да кажете на вашиот лекар.

Пренатални витамини

Битно е во бременост сите потребни нутриенти да се внесуваат преку храната. Меѓутоа, многу бремени жени поради обврски не успеваат секој ден да имаат правилно планиран оброк. Затоа ги користиме пренаталните витамини, за да можат да се надокнадат витамини и минерали кои нема да се внесат со храната.

Битно е да се знае дека правилната исхрана е таа што е битна за внес на витамини и минерали, пренаталните витамини служат само како помош во исхраната. Тие не смеат да бидат главен извор на витамини и минерали во бременост.

Во бременост битна е Фолната киселина, кој се препорачува да се зема и во период на планирање на бременост и во период на првите 12 недели од бременоста. Фолната киселина помага во развојот на органите и спречува појава на спина бифида кај бебињата.

Физичката активност во бременост не само што се смета за безбедна туку и се поттикнува бидејќи е здрава и за мајката и за бебето. Препорачуваме околу 2 часа физичка активност неделно. Меѓутоа доколку има некои ризици потребно е да му кажете на вашиот лекар.

Доколку не сте биле физички активни пред бременост не препорачуваме во бременост да се започне со вежбање – доволно е само пешачење.

Физичката активност и вежбање во бременост се битни бидејќи: ја зголемуваат енергијата кај мајката, го подобрува спиењето, ги тонира мускулите, ги намалува болките во грб и го намалува стресот.

Пешачењето и пливањето ги стимулираат белите дробови и срцето како и мускулите и помага во правилно искористување на кислородот.

Постојат многу програми за вежбање во бремност и може да користите која на вас ви одговара. Вежби кои е добро да ги ставите во вашата рутина се Кегел вежбите и Чучњеви. Тоа се битни вежби за карличните мускули и помагаат за припрема за породување и полесно закрепнување после породување.

Бременоста е период кога мајката треба да биде среќна и ралаксирана, не смее да биде под стрес. Во однос на исхраната и вежбањето потребно е да се следат само основни насоки за здрава бременост и бременост без грижи и ограничувања.