strumica denes logo

БРАВО ЗА ЧИСТИОТ МАКЕДОНСКИ СТАВ НА МИЦКОСКИ: Нема да дозволам ултиматуми додека јас ја водам македонската Влада!

Автор:

Датум:

септември 21, 2024

Автор:

Датум:

септември 21, 2024

По бројните отстапки и жртви кои ги направи Македонија, ако Брисел навистина сака да станеме дел од Унијата има начин, но ултиматуми нема да се прифаќаат… дециден е премиерот Мицкоски по средбите со првите луѓе на европските институции. По враќањето од Брисел им врати и на бугарските политичари кои бараат оставки од македонските министри поради ставовите кон Бугарија – нема да дозволи да бидеме мамка за предизборната кампања во соседството.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Барањето на бугарскиот европратеник Ковачев, ВМРО ДПМНЕ да биде исклучена од Еропската народна партија поради ставовите кон Бугарија, за премиерот Мицкоски е еднакво на првоаприлска шега.

Во Бугарија пак не отстапуваат од изјавите дека Македонија не била заслужна да стане дел од европското семејство. Техничкиот премиер порачува дека тонот кој го користат македонските политичари им прави штета на интеграциите, а тие биле лојални партнери на ЕУ.

И претседателот на Преродба Костадинов кој сценираше инциденти во центарот на Скопје, а државата дури и забрани влез на наша територија, најави декларација до Бугарскиот парламент со која ќе ги извести ЕУ члеките дека се правела саботажа кон нив.

Премиерот Мицкоски и во Брисел на состанокот со европските челници испратил порака дека основата за влез во Европската унија треба да биде напредокот на државата, а не билатерални прашања од средниот век.