Фејсбук реакција на Родителски Фронт. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост: https://www.facebook.com/roditelskifront/posts/pfbid02cfRwimaHiHFBDAfoarNqRVP1ayFgwxgDwdkuVqxevFTuPfyQFwkTfUNmmGx1uA6pl
ПРОГРЕСИВНО ЛУДИЛО ЗА СРЕБРЕНИЦИ
Главен мотив за оваа наша реакција е неодамнешното интервју на сестра Ефимија (монахиња во манастирот Рајчица), за еден либерален и прогресивен портал, каде што вообичаено Црквата и верските лица не само што секогаш се спомнуваат во негативен контекст, туку се мета на потсмев и вербален линч, но еве сестра Ефимија е исклучок, и за неа зборуваат како за херој на современото време, кој доаѓа од редовите на „назадната и примитивна“ Црква (линк од интервјуто подолу во коментар).
Моравме да реагираме и да ѝ соопштиме на јавноста и на збунетите родители дека, сестра Ефимија ноторно и безобразно ја лаже јавноста кога вели дека учествува на родови дискусии организирани од ХЕРА со благослов на Архиепископот г. г. Стефан.
Кога ова го прочитавме бевме шокирани, вчудоневидени и разочарани прашувајќи се: Зошто Архиепископот би пратил некого да ја застапува Црквата во крајно антицрковни организации кои што и самиот тој со остар тон ги критикуваше во својот говор на протестот на МПЦ минатата година?!
Тоа беше причина да се сомневаме, но и да ја провериме вистинитоста на таквата изјава, по што нашите сомнежи за местенка беа потврдени и излезе дека Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан воопшто не дал никаков благослов некој да ја претставува Црквата и да зборува во нејзино име во овие сомнителни и недобронамерни организации.
На крајот, вистината се сведува на тоа дека прогресивни поединци од еден познат манастир намерно сеат смут и сомнежи во МПЦ и помеѓу македонскиот народ. Мора да се нотира дека, сето ова е прецизно и наменски пласирано во јавноста од медиумите на Сорос, со цел дискредитација на водството на МПЦ и особено на расколебување и разочарување на верниците кои добро ги знаат ставовите на МПЦ за родовите прашања, но и какви се намерите на ХЕРА и ним сличните каде што сестра Ефимија оди да преговара и договара во име на Црквата.
Прашуваме: Во име на која Црква и на кој Синод?! Во име на МПЦ и на Архиепископот Стефан сигурно не!
Кулминација на бесмислата во интервјуто е дека Црквата не треба да се наметнува во демократски свет и да изразува верски тоталитаризам. Навистина не ни е јасно што сака да каже авторката и каде гледа наметнување и тоталитаризам додека седи во просториите на Хера со оние што заговараат тоталитарно општество? Веројатно мисли дека тоа што Црквата ги блокираше Законот за матична евиденција и родова еднаквост е израз на верски тоталитаризам! Па еве ја советуваме да размисли убаво кој кому се наметнува и да ни каже што подразбира под зборот „демократија“?
Дали е тоа демократија кога платен експерт од ОН дава препорака за прогон на секоја верска институција што нема да си ги промени верските основи за да во нив ги вклучи 150-те и повеќе „родови” кои секојдневно се зголемуваат!?
Дали е демократија кога цензурираат, притискаат и прогонуваат организации со најдобри резултати за заштита на жени жртви на насилство, само поради присуство на трибини каде е критикувана родовата идеологија? Токму ова се случи на локална невладина организација од Струмица која беше жртва на ХЕРА и Маргини. Сведок на тоа беше британскиот амбасадор и тој не мрдна со малиот прст за да ги заштити жените.
Сега гледаме во ХЕРА, во друштво на сестра Ефимија се собрале одлично платени невладини „активисти”, „медиуми” и опортунистички политичари за лицемерно да решаваат за родова еднаквост, со која легално ќе им се дозволи на децата промовирање на разни родови глупости кои секојдневно ги гледаме имплементирани во многу земји со погубни последици.
Не знаеме за каква „родова еднаквост“ зборува сестра Ефимија во Хера, но претпоставуваме дека е онаа европската, согласно Истанбулската конвенција, според која треба да прифатиме над 150 различни родови идентитети, државата да добие механизми за прогон на родителите што нема да прифатат дека нивното дете е куче, маче, небинарен аеро родов идентитет и разноразни други лудории…
Треба да прифатиме дека мажите можат да менструираат или да раѓаат деца, жените можат да имаат пениси и да одат во заедничко веце со биолошки жени!?
Е сега, кога работите стигнаа до овде, ќе мораме сестра Ефимија и епископот Антаниски г. Партениј да ги прашуваме јавно, во секоја можна прилика, за точно и без заобиколување да одговараат за сите глупости на ВОУК идеологијата што ги прифатиле и ете ЛИДЕРСКИ ги решиле во името на Црквата. Секако, откако ќе ни појаснат кој ги овластил за вакво глупирање и со самото тоа бламирање на Црквата?
Тоа е во целосна спротивност на сите ставови на Архиепископот и Синодот на МПЦ кои херојски му кажаа НЕ на лудилото што го промовираат токму самопрогласените „лидери“ собрани на тие состаноци и кои заедно со СДСМ пробуваа да ни го наметнат на сите нас, за што беа и казнети од народот на последните избори.
Прашуваме:
– За колку сребреници се продаде г. Партениј (за да ја испрати сестра Ефимија да преговара), очигледно само во негово име и на центарот на кој му служи, нашите деца да можат легално да бидат касапени во неуспешни обиди да им се промени полот, да можат да бидат индоктринирани во училиштата да бидат и животни ако сакаат?
– Па добро, зарем немате срам!? Немате ли достоинство да прифатите да ве величаат сите оние што до вчера ве „одјебуваа“ и ве прогонуваа по медиуми? Додуша не вас, туку некои ваши браќа и сестри што застанаа цврсто и сѐ уште стојат на евангелските принципи…
Зошто го поставуваме ова прашање?
Затоа што го дочекавме и тој ден во кој Мила Царовска споделува слика од сестра Ефимија со наслов ,,Во демократски свет не смее да има верски тоталитаризам!“ Да, да, ова е истата Мила Царовска што на почетокот на многубројни нејзини обраќања на настани, семинари и обуки ги предупредува верниците во публика да ја напуштат салата пред да почне да зборува, со цел да не бидат повредени нивните чувства, бидејќи нејзината реторика не била пријатна за сензитивните уши на верниците. Сега гледаме верник, и тоа монахиња како спокојно седи, додека зборува извршниот директор на Хера, нејзиното „височество“ Мила Царовска. И не само Мила, туку и Ирена Цветковиќ побрза да го сподели нејзиното интервју со аплауз и воодушевување. Истата личност која номинираше епископ на МПЦ, (секако иронично) за „маж на годината“, за да неговиот лик биде закачен на новогодишна елка накитена со фалуси. Целата болумента на платен список кај Сорос ја споделуваат сестра Ефимија. Истата болумента што до вчера хорски гракаше ,,Црквата да одјебе“! Но веројатно не мислеле на епископот Партениј и на сестра Ефимија, туку на онаа назадна православна Црква што протестираше минатата година против спорните сатански закони, па затоа не е проблем да се состанат на лидерска средба сите прогресивни и либерални душички т.е „авангардни“, што би рекла сестра Ефимија.
Редно е да се запрашаме каде во МПЦ има верски тоталитаризам, затоа што Црквата е тоа што е, веќе 2000 години наназад без промени. Сестра Ефимија и епископот Антаниски, г. Партениј треба да објаснат; каде е промената што сега наеднаш продуцира бунт и вознемиреност кај христијаните или како што вели таа ,,верски тоталитаризам“. Самите тие како луѓе, чија ширина и искуство да градат мостови меѓу луѓето, создавајќи простор за конструктивен (и со типичен родов речник ќе додадеме „безбеден”) дијалог во општествената средина, очигледно можат најдобро да објаснат некои прашања и ситуации, каде доаѓа до израз дека нешто не чини или се има сменето во основите на верата, текстовите од Библијата, православното предание и генерално искуствата на верниците во новиот демократски свет, кој патем е онолку демократски колку што ќе дозволат дебелите буџети на ХЕРА, МАРГИНИ, ХЕЛСИНШКИ, итн… Или претендираат да градат мостови налик на овој (види ги последните две слики), кој води стрмоглаво во пеколот и ги подрива темелите на Црквата?
Дали сестра Ефимија и г. Партениј гледаат верски тоталитаризам во револтот на народот и протестот на МПЦ против Законот за родова еднаквост, закон што во себе содржи репресивни механизми и концентрирана моќ на супер моќно и надминистерско тело, т.н. Секретаријат за родова еднаквост… Секретаријат во форма на креатура каква што немало ниту во најтоталитарните режими, зошто таму барем привидно во таквите режими има поделба на власта на законодавна, извршна и судска, а во Секретаријатот на Мила и Јова, едноставно е „три во едно”, без можност за апелација. Па еве, баш денес, истите тие ХЕРА, МАРГИНИ, ХЕЛСИНШКИ ја клеветат државата пред ОН за да го прифатат токму тој Секретаријат. Загрижени биле оти не се прифатило родови глупости да бидат имплементирани од новата Влада. Па зарем заборавија дека претходната влада падна токму од таквите сатанистички мрежи и измами!?
Непочитувани партиципиенти на т.н ,,лидерски средби“ на Хера, знајте дека ова нема вака да заврши и во следниот период ќе ве разобличуваме сите вас, како и позадините што ги претставувате.
Македонија, македонскиот народ и нашите деца нема да бидат робови на сатанистите!
П.С. Кој со ѓаволот и неговите слуги тикви сади, од глава ќе му се удрат! (народна мудрост)
П.П.С. Во прилог се мала галерија на репрезентативни слики кои согласно народната мудрост (“една слика – илјада зборови”) самите зборуваат многу повеќе од она што успеавме да кажеме во овој текст. Секако за тој што сака да види…