БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата. Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен.
Кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш парични средства.
Инаку пред четири години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.