strumica denes logo

ИСТРАЖУВАЊЕ: Македонците и Албанците се најнеинтелигентни народи во Европа!

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Македонците и Албанците имаат најнизок просечен коефициент на интелигенција (IQ) во Европа. Резултатите што ги објави World Population Review покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75. Во светски рамки пак, најинтелигентни се Јапонците со 106,48 IQ, а последното место им припадна на Непалците со 42,99 IQ.

Во Македонија коефициентот на интелигенција е 81.91, а со тој резултат се наоѓа на 107 место од вкупно 197 држави во светот.

Во регионот највисок степен на интелигенција има во Словенија (98,6), а потоа следат Хрватска (95,75), Бугарија со (90,99), Грција (90,77), Србија (89,6) и Босна и Херцеговина, каде просечниот коефициент на интелигенција е 88,54. На дното е Албанија со 81,75.

Меѓу балканските земји, податоци за просечниот IQ на населението нема за Косово.

На листата на првото место се најдоа Јапонците, нивниот просечен коефициент на интелигенција е 106,48.

Следат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07), Германија (100,74).

Просечниот коефициент на интелигенција е вкупниот резултат извлечен од збир на стандардизирани тестови или подтестови наменети за проценка на човечката интелигенција. При изработката на резултатите, во истражувањето се вклучени подтестови за проценка на знаењето по математика и природни науки, како и читање. Меѓу податоците кои се користат за изработката на просечниот коефициент на интелигенција, се и оние од меѓународното тестирање ПИСА.

Токму учениците од Македонија се најдоа во групата држави кои покажуваат најлоши резултати во читање, математика и природни науки според последното ПИСА тестирање од 2022 година, чии резултати беа објавени на почетокот на декември 2023 година.

Според последните резултати забележано е драстично назадување во споредба со тестирањето од 2018 година, иако мнозинството држави на последното рангирање забележаа полоши резултати што веројатно се должи на пандемијата со ковид-19.

Тестирањето го мереше знаењето на 15-годишниците од 81 светски држави и провинции кое го изработува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Од вкупно 81 држави, провинции и територии кои беа вклучени во тестирањето, Македонија се најде на 62 место во математика, на 72 место во читање и на 69 место по наука. Учениците по математика имале просечни 389 поени (просекот на ОЕЦД изнесува 472), по читање забележале 389 поени (просек на ОЕЦД е 476), а по наука постигнале 380 поени (просек на ОЕЦД е 489 поени).

Во споредба со регионот 15-годишниците од земјава биле единствено подобри од нивните врсници во Косово и Албанија, додека се наоѓаат далеку зад учениците од Словенија и Хрватска, кои предничат во окружувањето според резултатите на ПИСА 2022.

Државата треба да биде сериозно загрижена за резултатите од последното меѓународно тестирање на учениците ПИСА, кои покажуваат уназадување на резултатите по читање, математика и природни науки, изјави претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани, повикувајќи ги лидерите на сите политички партии да се заложат структурните реформи во образованието да станат национален приоритет.

Таа смета дека кризата во учењето е резултат на децениското несоодветно решавање на клучните структурни предизвици, немањето континуитет во реформските процеси од страна на различни влади и на неуспехот да се насочи образованието кон реалните и индивидуалните потреби на учениците.