strumica denes logo

ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ЕДНО ЛИЦЕ ОД СТРУМИЧКО – АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН НЕГОВАТА СОПРУГА ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ!

Автор:

Датум:

август 9, 2024

Автор:

Датум:

август 9, 2024

На 08.08.2024 во 15.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Д.(41) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 39 – годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.