strumica denes logo

Што рекол Алберт Ајнштајн кога го прашале дали верувал во НЛО?

Автор:

Датум:

јули 31, 2024

Автор:

Датум:

јули 31, 2024

Вечерта на 19 јули 1952, на небото над Вашингтон се случил необичен случај. Контролорите на авиосообраќај гледале како неидентификувани летечки објекти (НЛО) летале над Белата Куќа, простор на кој не се дозволува поминување авиони.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Летечките објекти испуштале силни сигнали, но не биле авиони и немале препознатлив облик. Тие исчезнале за 14 минути, веднаш штом биле забележани.

Во тоа време, појавата на НЛО била популарна тема за разговор во САД. Еден свештеник дури му напишал писмо на физичарот Алберт Ајнштајн, прашувајќи го за негово мислење за НЛО. Свештеникот се прашувал дали Ајнштајн верувал во НЛО и откаде доаѓале овие летала?

Во овој период, Ајнштајн бил еден од најпочитуваните научници во светот. Тој бил многу зафатен, па веројатно никој не би го критикувал доколку не вратил на писмото од свештеникот. Но тој испратил одговор.

– Драг господине. Тие луѓе виделе нешто. Што е, не знам и не сум љубопитен да знам. Со почит, Алберт Ајнштајн – напишал физичарот.