strumica denes logo

Струмичанец го загуби животот по удар во паркиран автобус!

Автор:

Датум:

јули 29, 2024

Автор:

Датум:

јули 29, 2024

На 28.07.2024 во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки. И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.