Астрономите неодамна дошле до револуционерно откритие кое може да укаже на постоење на живот на Венера.
Во атмосферата на оваа планета се пронајдени два гаса – фосфин и амонијак, што е значаен показател за потенцијален живот.
Фосфинот е пронајден во неколку делови на Венера, вклучително и оние кои претходно им биле непознати на научниците.
Ова неочекувано откритие продолжува да ги збунува научниците, но исто така ја зголемува можноста дека може да има живот во облаците на Венера.
Иако претходните истражувања сугерираа дека нема живот на Венера, присуството на фосфин фрла нова светлина на ова тврдење.
Д-р. Дејв Клементс од Империал колеџ во Лондон објасни:
„Сè уште не сме ги разработиле целосно атмосферските модели, но има прелиминарни податоци кои укажуваат на концентрации на фосфин на околу 55 до 57 километри, што е во согласност со податоците од сондата Pioneer Venus“.
Овие нови набљудувања доаѓаат од проектот JCMT-Venus каде што телескопот Џејмс Клерк Максвел се користел за откривање и следење на фосфинот и другите молекули.
Докторантот на Клементс, Ваи Танг, ги проучувал варијациите на водата во атмосферата на Венера.
„Постојат голем број на необичности во атмосферата на Венера. Фосфинот е само една од новите што ги откривме“, вели др. Климентс.
„Меѓу другите чудни работи е начинот на кој количината на вода и SO2 во атмосферата варира со текот на времето. Причините за овие варијации сè уште се непознати, но знаеме дека тие се случуваат во временски размери од денови до години“.
Првото откривање на амонијак во облаците на Венера се смета за значаен биопотпис бидејќи не постои познат извор на амонијак на карпестите планети што не доаѓа од животот.
Иако сè уште нема потврда за живот на Венера, ова откритие дополнително ја истакнува сложеноста на Венера и не ја исклучува можноста за живот.
Континуираното истражување би можело да ни даде клучни одговори на едно од најважните прашања за нашиот универзум, пишува Клик.