strumica denes logo

Србија испраќа противпожарен хеликоптер со капацитет од пет тони вода за пожарите во Македонија – Пожарот на Огражден се очекува денеска да биде изгаснат!

Автор:

Датум:

јули 16, 2024

Автор:

Датум:

јули 16, 2024

Србија ќе испрати помош од Хеликоптерската единица и Одделението за вонредни состојби на МВР, за гаснење на шумските пожари во Македонија, соопшти српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Станува збор за противпожарен хеликоптер Камов К-32 со капацитет од пет тони вода, со седум припадници на Министерството за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации, кои утре во 9 и 30 часот тргнуваат за Македонија, се наведува во објавата на министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што изјави Дачиќ, припадниците на МВР на Србија ќе бидат ангажирани во гаснењето на пожарот на планината Серта во загрозената област во општините Неготино, Конче и Штип, а помошта се испраќа врз основа на барањето на Владата на Македонија. А големиот пожар на планината Огражден се очекува во текот на денешениот ден да биде изгаснат.