strumica denes logo

МВР: ЗА ДА НЕ МУ ПИШАТ КАЗНА, ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОБАРАЛЕ ОД ВОЗАЧОТ ДА ИМ ПАЗАРИ ОД ПРОДАВНИЦА!

Автор:

Датум:

јули 15, 2024

Автор:

Датум:

јули 15, 2024

Министерството за внатрешни работи денеска објави видео снимки од од системот Безбеден град за тројца полицајци кои се осомничени дека на возач, со цел да не му пишат казна за прекршок, му побарале да им купи нешто за „освежување“ од блискиот маркет.

На снимката може да се забележи како момче купува производи во маркет а потоа истите им ги дава на полицајците кои седат во полициско комби на улицата „Даме Груев“ во Скопје.

Овој инцидент се случил на 4-ти јули, а според информациите се работи за полицајци вработени во ПС Центар.