Обидот за убиство на предизборниот митинг на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги зголемува неговите шанси за повторно влегување во Белата куќа, оценуваат инвеститорите во неделата.
Трамп беше застрелан во уво на собирот на неговите приврзаници во сојузната држава Пенсилванија во саботата вечерта, што властите го третираат како обид за атентат.
Пред инцидентот, пазарите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот, а тој тренд би можел да продолжи и во наредната седмица, вели Ронг Рен Гох од „Eastspring Investments во Сингапур“.
Првото пукање во американски претседател или кандидат на партија по обидот за атентат врз републиканскиот претседател Роналд Реган во 1981 година може да влијае на изборниот натпревар на 5 ноември меѓу републиканецот Трамп и демократот Џо Бајден.
„Како што се сеќаваме, популарноста на Реган порасна за 22 процентни поени во анкетите по обидот за атентат. Изборите веројатно ќе бидат убедлива победа (за Трамп). Тоа потенцијално ја намалува неизвесноста“, рече Ник Ферес, главен инвестициски директор во „Vantage Point Asset Management“.
Од неговата катастрофален настап против Трамп во претседателската телевизиска дебата пред две седмици, Бајден се соочува со зголемени сомнежи од донаторите, поддржувачите и колегите демократи за неговата способност да го победи Трамп и да остане во чекор со барањата на работата.