Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архијереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек и го крсти овој човек со името Анастас. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. Заради ова беше обвинет кај царот Максимијан, којшто во тоа време престојуваше во Илирија. Царот го изведе пред бакарната статуа на Зевс и му нареди да принесе жртва и да му се поклони на идолот. Свети Еразмо направи, преку благодатта, па од статуата излезе страшен змеј и го исплаши сиот народ. И пак направи светителот со благодатта и змејот пцовиса. Тогаш светителот Го проповедаше Христа и крсти дваесет илјади души. Огорчен, царот нареди и ги заклаа сите овие дваесет илјади христијани, а Еразмо го стави на тешки маки, па потоа го фрли во затвор. Таму му се јави ангел Божји, како некогаш на светиот Апостол Петар и го изведе Еразмо од затворот. По ова овој Божји слуга отиде во Кампанија, каде што им го проповедаше Евангелието на луѓето, па повторно се врати во градот Хермелија, каде што се повлече во една пештера, во која се подвизуваше до смртта. Пред смртта, трипати се поклони кон исток и со воздигнати раце Му се молеше на Бога, Бог да им ги прости гревовите и да им подари вечен живот на оние коишто со вера ќе го повикуваат неговото име. На крајот од молитвата се слушна глас од небото: „Нека биде како што се молеше, исцелителу мој Еразмо!“ Сиот радосен светителот погледна уште еднаш на небото и го виде венецот на славата кога се спушташе на него и виде хорови Ангели, пророци, апостоли и маченици, кои приоѓаа да ја примат неговата душа. Најпосле самиот возвикна: „Господи, прими го духот мој!“ и издивна, во 303 година. Пештерата со црквичката на свети Еразмо и денес стои недалеку од Охрид и од неа и до денес се пројавува големата сила на овој Божји угодник, свештеномченик Еразмо.
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски
Организирано е следење на натпреварот во живо во Белград,Србија помеѓу Црвена Ѕвезда-Барселона на 06.11.2024 година. ЦЕНА: 170 ЕВРА (КАРТА+ПРЕВОЗ). БРОЈОТ…
Рафтовите испразнети за само неколку часа: Во повеќето маркети нема флаширана вода!
Граѓаните на Струмица и околните населени места се соочуваат со недостаток на флаширана вода, откако ЈПКД „Комуналец“ ги извести дека…
Миле Цеков, пратеник од редовите на ЗНАМ во Собранието на Република Македонија: Почитувани, Струмица купи автобуси за 7 милиони евра…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: КОСТАДИНОВ, ОПШТИНА СТРУМИЦА И КОМУНАЛЕЦ ГИ ОСТАВИЈА СТРУМИЧАНИ…
Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија: Почитувани сограѓани, драги…
ЈПКД Комуналец Струмица ги известува граганите на град Струмица и населените места Дабиле, Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, Баница и Водоча,…