Успесите на тим Зоран од Струмица продолжуваат. Овојпат од истиот тим имаме Балкански шампион во Кик-Бокс во дисциплината кик лајт -74 кг. Се работи за Антонио Ташков кој е повеќегодишен првак.
Балканското првенство се одржа во Бар, Црна Гора на кој учествуваа повеќе од 300 учесници од 8 балкански земји.
Искрени честитки од тимот на Струмица Денес. Браво!