Доколку денеска се одржи референдум за членство во Европската Унија, 68 отсто од граѓаните би гласале „За“, додека 13 отсто „против“. Ова го покажува најновото истражување на ИРИ спроведено во периодот од 2 февруари до 5 март годинава, во земјите од Западен Балкан. 79 отсто од испитаниците оценуваат дека членството на земјата во ЕУ е позитивно, но 47 отсто од нив изјавиле дека ЕУ е несериозна во својата цел за членство на земјата.
Загриженоста на граѓаните за државното раководство ја истакнува и анкетата спроведена во периодот пред изборите во април и мај. Всушност, 78% од 1.220 испитаници изјавиле дека државата оди во погрешна насока.
Мнозинството граѓани, дури 90 отсто, потенцираат дека државата има сериозен проблем со корупцијата, а виновни за тоа се политиката и судството.
Меѓу најкорумпираните, според 26 отсто од испитаниците, се политичките партии и нивните раководства, додека според 23 отсто од испитаниците се претставниците на судството.
Во делот за медиуми, 11% од граѓаните се изјасниле дека се многу слободни, 42% донекаде слободни, додека 44% имаат спротивен став.
Според анкетата на граѓаните, на национално ниво Алсат е оценет како еден од медиумите со најголема доверба за информирање за политички прашања, односно трета телевизија по Сител и Канал 5.
9% од испитаниците ја сметаат телевизијата Алсат како доверлив извор, Канал 5 -10%, Сител -23%. Алфа и Телма се подолу во листата.