Ракетата Starship во сопственост на SpaceX најверојатно ќе го започне четвртиот лет за три до пет недели, изјави денеска сопственикот на компанијата, Илон Маск.
„Целта е бродот да помине низ максимално загревање, или барем повеќе од минатиот пат“, рече тој во објавата на мрежата X.
Претходно оваа година, Starship го заврши речиси целиот свој пробен лет во вселената и отиде најдалеку досега на третиот лет, но се распадна по враќањето на Земјата, пренесува Ројтерс.
Оваа ракета е дизајнирана со крајна цел да однесе астронаути на Месечината и на други дестинации.